Систем Avalir™

Приказната на Кирби

Човек со идеи

Најдобро познат по системот за нега на домот кој го носи неговото име, Џим Кирби беше пронаоѓач во најголем дел од неговиот живот како возрасен човек. Неговата цел во животот беше да ја намали или отстрани тешката работа онаму кадешто постоеше. Преку 200 патенти и мноштво производи кои се користат денеска се признание за неговиот успех.

Првиот модел што го развил во 1906 година користел вода за одделување на нечистотијата. Откако ја забележал слабата страна на празнењето на нечистата вода, тој започнал да трага по подобри идеи. Во 1907 година развил правосмукалка која го туркала нечистиот воздух во платнена вреќа која ја филтрирала нечистотијата.

Џим продолжил да ги развива дизајните на правосмукалката и започнал комерцијално производство на неговите производи по Првата светска војна. Во 1925 година, Vacuette Electric, со нивната заменлива подна млазница и рачка, станале претходници на денешните модели со повеќе приклучоци и тоа било раѓањето на она што подоцна станало светски позната карактеристика за претворање на модерните системи за нега на домот Кирби.

demodirtpadПотребата за демонстрација на производот
Компанијата Кирби стана организација за директна продажба во 1920-ите години, предводејќи го користењето на демонстрации во домот за претставување на системите за нега на домот Кирби на потрошувачките на кои им е дадена можноста да го видат и пробаат системот во нивниот сопствен дом пред да го купат. Илјадници луѓе низ целиот свет стекнаа придобивки од овој модел на продажба и преку неограничените можности да поседуваат и да работат нивен сопствен бизнис како независен дистрибутер на Кирби.

Можноста има универзален повик
Денеска, системите за нега на домот Кирби се продаваат во преку 55 земји овозможувајќи им на милиони задоволни муштерии да уживаат во почисти домови со помалку напор.

201 queries. 2.719 seconds